lj lkjl
Објавено: вторник, 09 мај 2006
Одговорот на претходново прашање е многу едноставен: НЕ ! Еве една кратка анализа што каде гледаме. Лига шампиони - МТВ, Шпанско – Сител, Англиско – А1, Италјанско – Телма, Германско - ? (имам информации дека се играше , ама не видов да ви кажам со сигурност), Формула1 – Канал5 (со крајно пристрасно коментирање на Табаковски и неговиот нов колега кој не ги разликува болидите), да не ги споменувам Португалско и Француско првенство (немој да речете слаби се, пред две години да ве потсетам - финале Лига Шампиони: Порто-Монако), ами што стана со куп на UEFA, куповите во националните првенства и.т.н. Има Лига Шампиони и во ракомет има и Евролига кошарка, исто така интересни се и националните првенства во овие два спорта. Да не го споменувам тенисот, пливањето, скијањето и други спортови. Е сега NBA тоа е пак посебна приказна. Откако ја пропуштивме речиси целата сезона во NBA освен повремените натпревари на Orbit и Sport TV, Sport TV реши да се посвети малку на NBA плејофот, но дечкиве од Спринт беа брзи и веднаш ни ја исклучија. Судејќи од претходново се плашам дека нема ништо да видам и од Светското Првенство фудбал, ако се земе предвид дека за преносите на МТВ беше одговорна БК телевизија а таа од скоро е затворена ...??? Да резимирам јас ставив кабловска за да можам да гледам повеќе спорт, но за жал не видов ништо повеќе – значи ЏАБЕ ПЛАЌАМ КАБЕЛСКА ТЕЛЕВИЗИЈА!!! СТВАРНО НЕМА СМИСЛА, ОВА ШТО НИ ГО ПРАВИ СПРИНТ Е КРАЈНО НЕСПОРТСКИ. :(
Tweet |